Доследноста во одржувањето на врвниот квалитет е најсилната гаранција, довербата во брендот „Becutan“ од 1978 година да се пренесува од генерација на генерација. Тоа е нашиот најцврст темел за долгогодишна традиција. Како изграден бренд и во меѓународни рамки, „Becutan“ е синоним за традиција, постојан квалитет, доверба и лојалност.
Becutan Ви ја претставува првата македонска апликација – дневен водич, кој ќе им помогне и даде поддршка на родителите за следење на секојдневните активности поврзани со развојот на нивните најмали.
Апликацијата Ви нуди можност да го следите развојот на Вашето бебе како и нивните дневни активности:
• возраст, тежина и висина;
• повивање во текот на денот;
• следење на залиха на пелени;
• доење или исхрана во текот на денот;
• колку часа спијат во текот на денот;
• евиденции од посети на педијатар;
• информации за сите Becutan производи;
• радосница – важни информации за Вашето бебе кои треба да се запомнат;
• зачленување за Newsletter (е-билтен) преку кој ќе ги добивате сите информации и новости од Becutan.